Францускиот предлог презентиран пред Стратешкиот совет на МНР

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи информира дека денеска францускиот предлог бил претставен пред Стратешкиот совет на МНР, со цел одржување на консултации за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија.

-Консултациите со сите релевантни општествени чинители претставуваат важен аспект од процесот на донесување на конечна одлука за овој историски момент за насоката на која ќе се движи државата, објави Османи на својот Фејсбук профил.

Османи го формираше Стратешкиот совет, кој го советува од месец мај ланската година.

Слични содржини