Францускиот премиер Едуар Филип поднесе оставка

од Stefanija Kuzmanovska

Францускиот премиер Едуар Филип поднесе оставка, соопшти Елисејската палата, пренесува Скај њуз. Оставката на Филип се очекува да го отвори патот за формирање на нова француска влада, наведува РТВ.

Едуар Филип (49) беше премиер на Франција од 15 мај 2017 година.

Тој е правник по професија, адвокат, долгогодишен член на Унијата на народното движење, кој подоцна стана член на Републиканците.

Анонимни, информирани кругови во палатата Матињон тврдат дека Филип има амбиции да се кандидира на следните претседателски избори.

Слични содржини