Нема фудбал, нема пари. Клубовите од француската „Лига 1“ ќе останат без големи пари ако сезоната заврши поради коронавирусот, бидејќи ТВ-гигантот „Канал +“ не сака да им плати на клубовите рата од 110 милиони евра затоа што не се игра фудбал.

Приходите од ТВ-права се скоро 40 проценти од годишната заработка за повеќето француски тимови.

„Канал +“ издвојува 541 милиони евра по сезона за клубовите од Лига 1 и Лига 2, и тоа без филијалата „БеИН Спорт“, која инвестира уште 200 милиони евра.

Слични содржини