Француско-германски апел за отворање на границите меѓу земјите на ЕУ

од Nikola Popovski

Претседателите на францускиот и германскиот парламент, Ричард Феран и Волфганг Шојбле, апелирале денеска што поскоро да се отворат границите на европските земји, по неколкунеделната блокада поради пандемијата на коронавирусот.

„Франција и Германија мора да работат на итно обновување на слободното движење во Шенген зоната, кога ќе се исполнат условите за тоа“, велат Феран и Шојбле во заедничката изјава доставена до „Франс прес“.

Во соопштението се наведува дека затворањето на француско-германската граница веќе има последици, особено во погледот на перцепција на француско-германските односи.

Текстот бил објавен два дена пред состанокот на Француско-германското парламентарно собрание, посветено на лекциите што треба да се научат во Европа од пандемијата на коронавирусот.

Феран и Шојбле го поздравиле проектот за стимулирање на економијата со 500 милијарди евра, што го предложил францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел.

Слични содржини