Фрчеа боксови во турскиот парламент: Понижувањето во Сирија и Либија, опозицијата не му го простува на Ердоган (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Во турскиот парламент денеска дојде до тепачка меѓу пратениците во текот на говорот на членот на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП) Енгин Озкоч кој претходно го обвини претседателот Реџеп Таип Ердоган дека не ги почитува војниците кои загинале во Сирија.

На снимката од Парламентот се гледа дека повеќе од десетина пратеници учестуваат во мешаницата, а некои се качиле на столиците или ги удирале колегите, додека други се обиделе да ја спречат тепачката.

Слични содржини