Фрчкоски: Гласот на младите мора да биде слушнат (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Денес во Штип се одржа програмската трибина МЛАДИ 20-24 на тема „Студенти и средношколци“ во организација на СДММ. На трибината се обратија потпретседателот на Социјалдемократската младина на Македонија Јон Фрчкоски, Трајче Стојчевски од Локалниот клуб на СДММ од Штип, Евгенија Донева претставник на средношколци и член на Локалниот младински совет и Ристе Мицевски, претставник на студенти.

Студентите се прогресивна движечка сила и носител на позитивните промени во општеството, токму затоа денес во Штип отворено и гласно разговараме за потребите и барањата на студентите и средношколците. Гласот на младите мора да биде слушнат, со ваквите настани поттикнуваме критичко мислење и важно ни е да допреме до секој млад човек, секој има право да го искаже својот став и размислување по прашањата кои директно ги тангираат, истакна претседателот на Локалниот клуб на СДММ од Штип, Трајче Стојчевски.

Мерките кои Владата ги спроведе во последните две и пол години имаат за цел поткревање на студентскиот стандард и овозможување подобри услови за студентите и младите. За спроведените работи и она што е планирано да се започне во следниот период зборуваше Потпретседателот на СДММ Јон Фрчкоски.

– Најнапред, во однос на високото образование, би го потенцирал донесувањето на новиот Закон за високо образование, кој значеше сериозен придонес и постави подлога на новото студентско организирање, преку кој беа опфатени сите проблеми во високото образование што до тогаш беа адресирани – потенцираше потпретседателот на СДММ.

Тој ги опфати најважните мерки кои се однесуваат на студенти и средношколци.

– 10,2 милиони денари се доделени на 32 основни и 22 средни училишта преку проектот Млади истражувачи на ФИТР. Со мерката Субвенциониран студентски оброк, се обезбедуваат 2400 денари за секој студент на државни и приватни универзитети каде директно студентите ќе добиваат средства преку мобилна апликација или картичка, со што ќе се овозможи здрав оброк за секој студент. Се реконструираше студентскиот дом Гоце Делчев, и целосно се обновени блоковите В и Г, кои ги задоволувааат сите стандарди за нормално функционирање на студентите. Тука не застануваме важно е да се продолжи со уште поголем интензитет и затоа особено ме радува информацијата што е склучен договор за реконстурирање на уште 7 студентски домови, со обезбедени средства во вкупна сума од 20 милиони евра и грант од 4,7 милиони евра. Со ова директно влијаеме на зголемување на студентскиот стандард, вели Фрчкоски.

Слични содржини