Тука е одговорна полицијата. Тие имаат должност да дознаат бидејќи настанот е од таков тип и мора да има анализа од ризикот на настанот. Полицијата тоа секогаш го прави. Да претпоставиме дека дискотеката имала легална лиценца, повторно не смее да се запали во затворен простор и повторно можело да настане трагедија и со легална лиценца. Тука е одговорно само МВР. Лицата кои тоа не го направиле кривично се одговорни без дискусија и нив со лисици треба да ги носат во притвор“, вели професорот Љубомир Фрчковски во „Аргумент плус“ на ТВ24.
Трагедијата според него ќе биде залепена на ова Влада и овој премиер.
Тој додава дека постојат две нивоа на одговорност, едното е директна, за дозволувањето и палењето на пиротехника во дискотеката, а другото е споредно. Професорот Фрчковски објаснува дека второто ниво на одговорност после ова е одговорност за негативни околности, кои го зголемиле ризикот за вакви несреќи.
„Тоа се давање на лиценци, проверка на лиценците, корупција ако имало. Намерно за да ја избегнат оваа вертикална одговорност фокусот на владината истрага е по оваа странична одговорност. Тоа се странични линии, хоризонатални линии. Несреќата се знае точно од шо е предизвикана и за тоа мора да има директна одговорност“ вели Фрчковски.
Тој додава дека ова е стратегија за бегство, која им дава бланш карта на владата да се развие познатата репресивна архива на ВМРО-ДПМНЕ.