Фрчковски: Амандманите на БЕСА се скандалозни и безобразни

од desk4

Барањата на БЕСА очигледно се сопката на која падна и денешната седница, која откако не се одржа и по презакажувањето за во 15 часот, преместена е за утре во 12 часот. Во меѓувреме, како што соопшти премиерот Зоран Заев, се работи на техничка формулација со која ќе се задржи идентитетот во државјанството за Македонците, но со која Албанците, Турците Србите и другите етнички заедници нема да се почувствуваат обесправени.

Меѓутоа, за професорот Љубомир Фрчковски, барањата на БЕСА не се нималку наивни и граѓански како што се претставуваат. Тоа што во членот 1 од Преспанскиот договор стои дека државјанството ќе биде „македонско/државјанин на Република Северна Македонија“, според Фрчковски е една од главните придобивки од договорот со Грција, и доколку би се прифатиле амандманите на БЕСА, не постои начин таа придобивка да не се урне, објаснува тој за „Телма“.

Расправа, вели тој, е можна и до последен момент, но амандманите на БЕСА се лоши и погрешни, исто како што е и начинот на кој БЕСА ги толкува.
„Коментарот на портпаролот на БЕСА околу толкувањето на амандманот за државјанството е
отворена, директна лага“, оценува Фрчковски. „Албанците никој не ги тера да бидат Македонци, како што тој ја образложи потребата од нивниот амандман, туку има дел кој се вика ‘граѓанин на Република (Северна) Македонија’, каде што може да се сместат сите кои не се Македонци“, објаснува Фрчковски. Според него, работата е сосема чиста, а „тој (портпаролот на БЕСА) или е глупав човек, па не ги разбира амандманите, или намерно манипулира“.

Целосната изјава погледнете ја „ТУКА“.

Слични содржини