Фрижидер полн пари: Карди Би го израдува сопругот за роденден (ВИДЕО)

од Elena Daskalova

Пејачката на сопругот Офсет му купила голем фрижидер, кој го наполнила со банкноти во вкупен износ од половина милион долари.

Офсет наполни 28 години во саботата, на 14 декември и може да се каже дека го има добиено најполниот и најскапиот фрижидер на светот.

Сето ова е снимено и објавено на Инстаграм на профилот на Карди Би, на кое вели:

„Ја имаш секоја кола, сиот накит, имаш сè, имаш чевли. Што друго можев да подарам на некого кој има сè?“

Потоа додала:

„Не сaкав да ти давам пари, но не знаев што. Можеш да купиш нова кола, уште накит или за мене уште некоја Биркин чанта. Можеш сè што сакаш“, рекла раперката.

Слични содржини