Фризурата ве издава: Што значи ако носите шишки, а што пуштена коса?

од Elena Daskalova

Фризурата ја избираме такашто ни одговара на обликот на лицето и телесната конституција, но и како индивидуално си се допаѓаме повеќе.

Unsplash

Но, дали сте помислиле дека токму косата може да открие нешто и за вашиот карактер?

Долга и рамна коса

Вие сте личност која обожава своите замисли да ги спроведува на дело. Амбициозни сте, би биле добар тим лидер или шеф во компанија. Уживате во тоа да ставите точка на секоја започната работа, откако успешно е завршена.

Виткана коса

Текстурата на косата открива и дека има многу слоеви на вашиот карактер, кои генерално се засновани на сочувствителност и добрина. Сакате да бидете личност од акција и да постигнете вистинска хармонија, такашто ќе им помагате на другите околу вас.

Разбушавена пунџа

Вие сте личност која има релаксиран пристап на животот, а во исто време и формален. Лесно умеете да балансирате меѓу предизвиците, сакате да фантазирате, а во исто време сте и одговорна личност. Креативни сте, а и фокусирани.

Коса шишана на степени

Вие сте спонтана и безгрижна личност, забавна, паметна, харизматична, но и некогаш реагирате импулсивно. Некои одлуки многу ги размислувате, а други ги носите крајно брзоплето, па понекогаш се каете поради тоа.

Шишки

Вие сте мистериозна личност, која длабоко во себе е срамежлива. Интровертни сте, но тоа не значи и дека сте непријателски настроени, напротив, би сакале да имате уште повеќе пријатели и познаници. Дури откако некој ќе ви стане пријател, се чувствувате безбедно да се отворите.

Слични содржини