Фрлени две бомби врз зградата на косовската општина Звечан

од Nikola Popovski
42 прегледи

Силна експлозија одекна синоќа во близина на општина Звечан, јавуваат приштинските медиуми.

Според порталот „Митропол“, од експлозијата била причинета материјална штета на зградата на Општината и автомобилите околу неа.

„Теве1“ јавува дека кон објектот биле фрлени две рачни бомби.

Екипите на косовската полиција веднаш излегле на лице место и започнале увид.

Во текот на вчерашниот ден во овој дел на Звечан било зголемено присуството на полицијата бидејќи за првпат во општина Звечан се одбележувал Денот на албанското знаме.

Да потсетиме, во вторникот вечерта околу 23:55 часот во дворот на полициската станица во Звечан биле фрлени две гранати М75.

Слични содржини