Фронтменот на Рамштајн скршил вилица на обожавател

од Vladimir Zorba

Фронтменот на легендарната германска група Рамштајн, Тил Линдеман скршил вилица на обожавател, објави „Билд“.

Инцидентот се случил во хотелски бар во Минхен, каде што пејачот се забавувал со пријатели по концерт. Фанот му пришол на Линдеман и побарал да се слика со него.

По одбивањето на вокалот на Рамштајн, човекот почна да ја навредува девојката на музичарот, Лана. Линдеман побарал од обожавателот да се извини на жената, но тој одбил. Тогаш пејачот го удрил обожавателот во лицето и тој паднал на подот. Хотелскиот персонал ја повикало полицијата.

Според прелиминарните податоци, на дрскиот фан му е дијагностицирана фрактура на вилицата.

Линдеман се уште не коментирал за инцидентот.

Слични содржини