Фронтменот на Рамштајн уште е во болница, но не поради коронавирус

од Elena Daskalova

Пејачот на групата Рамштајн беше примен во болница минатата недела, во одделот за интензивна нега, под сомнение дека е заразен со коронавирус.

Веднаш биле направени тестови, по што на официјалната страница на бендот беше објавено дека се работи за тежок облик на респираторно заболување, но дека е негативен на тестот.

„Сношти Тил Линдеман беше примен во болница по советот на нашиот лекар. Таму ја помина ноќта, на интензивна нега, но потоа беше префрлен на друго одделение бидејќи беше подобар. Направен е тест и негативен е на коронавирус“, соопштија од бендот преку страницата на Фејсбук во петокот.

Слични содржини