Фудбал во време на коронавирус: Како ФИФА судија тренира во својата соба? (видео)

од Nikola Popovski

Линискиот судија и еден од најдобрите африкански арбитри на ФИФА, Френк Комба, покажа како ја одржува својата форма во станот за време на коронавирусот.

Фудбалските фанови ширум светот се смееја на клипот, објавен од ЕСПН Велика Британија на Инстаграм.

На него е прикажан Френк Комба, еден од најдобрите фудбалски судии во Африка, кој дури и во времето на епидемијата на коронавирус, вредно вежба во неговиот стан.

За среќа, тој не е во копачки, туку бос, но затоа ја има облечено целата судиска опрема, исто како да е на натпревар.

На видеото се гледа Комба „како го набљудува натпреварот“ и реагира со знаменцето на секоја „сомнителна ситуација“.

Слични содржини