Фудбалер на Барса заразен со коронавирус, натпреварот со Баерн ќе се игра

од Vladimir Zorba

Фудбалскиот клуб Барселона објави дека еден играч е позитивен за коронавирус. Неговото име не беше објавено, а тој беше ставен во карантин во неговата куќа.

Барселона изјави дека фудбалерот не бил во контакт со други играчи, кои ќе играат во четвртфиналето на Лигата на шампионите во Лисабон.

Шпанија бележи поголем број заразени фудбалери. Валенсија и Атлетико Мадрид имаат по два потврдени случаи.

Да потсетиме, завршницата од Лигата на шампионите ќе се игра во Лисабон поради пандемијата на коронавирус. Барселона во петок ќе го игра четвртфиналето против Баерн Минхен, додека Атлетико Мадрид ќе го пречека Лајпциг еден ден подоцна.

Слични содржини