Почетна / TOP NEWS / Фудбалери на Атлетико имаат корона, неизвесен дуелот во ЛШ против Лајпциг

Фудбалери на Атлетико имаат корона, неизвесен дуелот во ЛШ против Лајпциг

Челниците на Атлетик Мадрид ја известија јавноста дека двајца играчи на овој тим се позитивни на коронавирусот, но тие не сакаа да ги објават нивните имиња!

„Јорганџиите“ велат дека тестот е направен денеска и дека фудбалерите се во изолација, но дека ќе го повторат во понеделник, особено поради фактот дека тие во четврток ќе играат во четвртфиналето од Лигата на шампионите со Лајпциг.

Доколку новите тестови покажат дека играчите се уште се позитивни, постои можност дуелот со „биковите“ да биде одложен.

loading...