Фудбалерите го одржаа првиот тренинг во Варшава: Поштеда за Адеми и Алиоски

од desk3

Фото: ffm.mk

Македонската фудбалска селекција го одржа прв тренинг по пристугнување во Варшава пред неделниот меч со Полска во квалификациите за ЕП 2020. 

Селекторот Игор Ангеловски ги поштеди Езџан Алиоски и Аријан Адеми, чиј настап е неизвесен поради повреда. Дали капитенот на загрепски Динамо ќе биде во комбинација против Полјаците или, пак, стручниот штаб ќе биде принуден да бара решение за позицијата последен играч за врска, ќе биде појасно утре. 

За мечот со Полска се враќа дефанзивецот на Шкендија, Егзон Бејтулаи кој против Словенија ја одлежа суспензијата за жолти картони. 

Полјаците имаат 16 бода во групата Г пред Австријците со 13 и македонската и словенечката репрезентација на третото, односно, четвртото место со 11 бода. 

Слични содржини