Фудбалерите ќе добијат премија од 300.000 евра за секоја победа на ЕП, 150.000 за реми

од Nikola Popovski

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ги одреди премиите за фудбалерите на нашата репрезентација за претстојното Европското првенство. На денешната седница оддржана во „Куќа на фудбалот“, ФФМ одлучи за победа на ЕВРО 2020, македонските фудбалери да поделат премија од 300.000 евра, а за реми 150.000 евра.

„У.О. на ФФМ донесе одлука со која доколку македонската А репрезентација ја помине групната фаза од Европското првенство, националниот А тим ќе добие 30 проценти од износот кој ќе се добие од паричната награда од УЕФА по покривањето на трошоците за учество на натпреварувањето. Исто така донесена е одлука повикот за фудбалери за претстојното Европско првенство да изнесува 1500 Евра, а дополнителни 1500 Евра ќе се исплатат на име повик доколку македонската А репрезентација ја помине групната фаза од ЕП“, стои во соопштението.

ФФМ исто така донесе одлука да исплати парична награда за репрезентативците во износ од 150.000 Евра за мартовските натпревари (Романија, Лихтенштајн и Германија) од квалификациите за Светското првенство 2022 година.

Македонија е во група со Австрија, Украина и Норвешка, а отвораме на 13-ти јуни во Букурешт против Австрија.

Слични содржини