Фудбалерите на баерн останаа само по пешкири

од Vladimir Zorba

Баерн Минхен невообичаено ја прослави својатапобеда од 6-2 над Баер (Леверкузен) среде „Бај арена“, која го испрати баварскиот гигант во финалето на Германскиот Куп.

Четири од баварските ѕвезди одлучија да се пошегуваат со конкурентите и се сликаа со пешкири во соблекувалната. Главните актери беа Матс Хумелс, Томас Милер, Џошуа Кимих и Сандро Вагнер, кои со себе имаа џогер за чистење.

„Ја чистиме гардеробата во Берлин“, објаснува на социјалните мрежи Хумелс, кој исто така ги објасни и емотиконите, кои ги користел под сликата.

Тој направи шега со Џошуа Кимих, дефинирајќи го како дете до двајца возрасни …

Слични содржини