Фудбалерите со втор тренинг во Букурешт, присутен и Несторовски (ФОТО)

од Nikola Popovski

Нашите најдобри фудбалери денеска во Букурешт го имаа вториот тренинг во Букурешт. Стадионот на Стеауа наредниов период ќе биде база на избраниците на селекторот Игор Ангеловски.

На денешниот тренинг можеше да се забележи и Илија Несторовски, кој нема да може да им помогне на соиграчите поради повреда, но тука ќе биде за морална поддршка.

Ферхан Хасани тренираше со останатите, но со маска поради повредата на носот која ја заработи на мечот со Словенија.

Македонија првиот меч го игра на 13 јуни против репрезентацијата на Австрија.

Рисовите се подготвува за одмазда на Автриците кои во изминатите квалификации токму за ова ЕП двапати славеа против нас со 2:1 и 4:1.

Во Букурешт исто така ќе и се спротивставиме и на селекцијата на Украина.

 

Слични содржини