Фудбалски меч заврши со резултат 0:37, за сè виновен коронавирусот

од Stefanija Kuzmanovska

За да не биде казнет, ​​Рипдорф испрати минимален број играчи на теренот, само седум, кои држеа социјална дистанца во текот на сите 90 минути.

Фудбалското судење на германските аматерски екипи Рипдорф Молзен и Холденштет заврши со необичен резултат – 0:37, а за сè е виновен коронавирусот.

Имено, челниците на Рипдорф побараа од Фудбалскиот сојуз на Долна Саксонија да го одложи натпреварот бидејќи противниците имале контакт со лице заразено со коронавирус. Меѓутоа, фудбалерите на Холденштет по тестот биле негативни, па федерацијата го одби барањето на домаќинот, иако не беа поминати 14 дена од контактот со заразеното лице.

За да не биде казнет, ​​Рипдорф испрати минимален број на играчи на теренот, само седум, кои држеа социјална дистанца во текот на сите 90 минути.

Секако, во такви околности, нивните гости ја исполнија мрежата со 37 гола, што дополнително го разгори гневот на лидерот Рипдорф кон сојузот.

Слични содржини