Фулам го исмева Ван Дајк за потегот на Митровиќ (ФОТО)

од Nikola Popovski

Фудбалерите на Ливерпул по лошо ќе го паметат првото коло во Премиер лигата.

Нивната сезона започна со ремито 2:2 на „Крејвен Котиџ“, па логично е зошто избраниците на Александар Митровиќ се позадоволни од исходот.

Митровиќ ги постигна двата гола, најпрво со глава преку Трент Александер-Арнолд во 32. минута, а потоа и преку пенал во 72. минута.

Сепак, она што привлече поголемо внимание е тоа што двапати си поигра со Вирџил ван Дајк, еден од најдобрите дефанзивци во англискиот фудбал.

Тој најпрвин го издрибла Ван Дајк и ја испрати топката на страна, а во еден од следните напади го надмудри и изнуди пенал.

Затоа Фулам сега се шегува на сметка на Холанѓанецот и делумно се исмева со дриблингот кога Митар го остави Ван Дијк зад себе со опис: „Се гледаме“.

Инаку, на мечот во саботата за прв пат некој успеа да го дрибла покрај Ван Дајк, а потоа да изнуди пенал од него во Премиер лигата.

Слични содржини