Фулам се враќа во Премиер лигата, доведува ново квалитетно засилување

од Stefanija Kuzmanovska

Фулам се враќа во Премиер лигата и сака со што подобар состав да го дочека стартот на сезоната во елитниот ранг. Поради тоа клубот реши да доведе нов голман.

Како што пренесуваат британските медиуми, голманот на Арсенал, Бернд Лено е блиску до преминување во „Крејвен Котиџ“.

Германскиот голман падна во втор план откако Арон Рамсдејл е меѓу стативите на „топџиите“ и поради недостаток на минутажа сака да најде нова работа.

Лено ја започна својата кариера во Штутгарт, а потоа се пресели во Баер Леверкузен и таму помина седум сезони. Оттаму пристигна во Арсенал, брзо се наметна, но потоа со доаѓањето на новиот чувар на мрежата го загуби статусот на единица.

Фулам го ангажираше Португалецот Жоа Палиња од Спортинг, додека Андреас Переира е на пат да го потпише дресот на „Котиџ“.

Слични содржини