Фурна во Солун дозволува плаќање со биткоин

од desk3

Леб и бело пециво во Солун можат да се купат и со биткоин, откако сопственик на фурна одлучил купувачите освен со евра, да можат да плаќаат и со криптовалутата, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Сопственикот на фурната Стратос Инглезакис за АНА-МПА вели дека безбедноста на трансакциите и неговата љубов кон технологијата биле причина за одлуката, но објаснува дека засега мал е бројот на оние кои одбираат да платат со биткоини, јави допсиничката на МИА од Атина.

– Причината што решив во мојата продавница да спроведам плаќање со битокин е љубовта кон технологијата, слободата што ја нуди како децентрализирана валута и секако безбедноста на трансакциите, коментира Инглезакис за АНА-МПА.

Сопственикот на фурната за АНА-МПА вели дека пита со сирење чини 1,80 евра што во биткони е 0,00023760 и објаснува дека за да се плати, потребно е да се симне апликацијата.

Еден биткоин денеска изнесува 7.559,81 евра или 464.815,89 денари.

Слични содржини