Г7 и ЕУ: Русија да ги прекине воените активности во Украина и Крим

од Nikola Popovski

Во заедничката изјава, министрите за надворешни работи на Групата седум (Г7) и Европската унија изразија длабока загриженост за концентрацијата на руските воени сили на украинските граници и на Крим и ја повикаа Русија да престане со ваквите активности во согласност со нејзините меѓународни обврски .

Министрите за надворешни работи на Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД и високиот претставник на Европската унија во заедничката изјава истакнаа дека ваквиот потег на руските трупи, без претходно известување, претставува заканувачка и дестабилизирачка активност.

Тие ја повикаа Русија да ги почитува принципите и обврските на ОБСЕ што ги потпиша во однос на транспарентноста на воените активности и да ја почитува постапката утврдена во Поглавјето III од Виенскиот документ.

Во заедничката изјава, потписниците, исто така, ја потврдија непоколебливата поддршка и посветеност на Украина кон независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граници, се вели во соопштението на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Слични содржини