Габриел апелира ЕУ да ги прекине преговорите со Турција

од desk2

Шефот на германската дипломатија, Зигмар Габриел, изјави дека ЕУ треба да ги прекине преговорите со Турција затоа што Анкара ги крши човековите права.

– Не можеме да водиме преговори за прием во ЕУ со земја што ги крши човековите права, слободата на печат, која испраќа граѓани на ЕУ во затвор поради нејасни причини – вели Габриел.

Тој додава дека ЕУ би можела да развие „нова форма на соработка“ за време на преговорите за излегувањето на Британија од ЕУ и дека тој модел би можел да биде пример за земјите како што е Турција./Мета

Слични содржини