Габриел Ескобар утре на средба со Вучиќ

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, утре ќе разговара со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој пристигнува во Белград.

Ескобар пристигнува во Белград само еден ден откако европскиот пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, ја заврши дводневната посета на Србија.

Вучиќ во сабота на 18 март во Охрид повторно ќе се сретне со косовскиот премиер Албин Курти.

Слични содржини