Гадот ќе ја глуми Клеопатра: Таа беше Македонка

од Nikola Popovski

Кога во октомври се појави веста дека ѕвездата од „Wonder Woman од 1984“ ќе ја игра египетската кралица, во новиот филм на режисерот, Пети Џенкинс, таа беше обвинета од критичарите, бидејќи според нив арапска или африканска актерка треба да ја игра античката египетска кралица Клеопатра.

„Како прво, ако сакате да бидете (верни) на фактите, тогаш Клеопатра беше Македонка“, изјавила израелската актерка Гал Гадот (35) за Би-Би-Си во неделата.

„Баравме македонска актерка што ќе одговара на Клеопатра, но не можевме да најдеме, а јас имав многу голема желба да ја глумам, па затоа ја добив улогата“, додала актерката.

Контроверзиите поврзани со филмот почнаа уште во октомври, кога Гадот објави дека ќе ја глуми Клеоптара и дека ќе биде копродуцент на филмот. Хана Флинт од „Гардијан“ ја нарече одлуката „чекор назад за репрезентацијата во Холивуд“, а режисерот Лекси Александар изјави дека требало да се одбере афро-американска актерка, повикувајќи се на реконструкцијата на лицето на Клеопатра.

„Имам пријатели од целиот свет, без разлика дали се муслимани или христијани, католици или атеисти или будисти, или евреи, се разбира … Луѓето се луѓе, и со мене сакам да го прославам наследството на Клеопатра и да и оддадам чест на оваа неверојатна историска икона на која толку многу ѝ се восхитувам. Јас сум решена и премногу возбудена за мојата нова улога и ќе го остварам она што го имам замислено“, истакнала Гадот.

Клеопатра била родена во античката египетска престолнина Александрија и таа е последниот владетел во династијата основана од македонскиот генерал Александар Велики Птоломеј, чии потомци управувале со Египет 300 години.

Слични содржини