ГАК доби нова сала за киретажа, наскоро ќе се набави робот-хирург

од Берта Китинска

Нов простор добија дневната болница и салата за киретажа на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.

-ГАК доби нова Дневна болница со медицинска опрема. Го зајакнуваме капацитетот на установата. Оваа дневна болница ќе биде на располагање на сите пациентки на коишто им е потребна интервенција. Во следниот период, почнуваме постапка за набавка на современ хируршки апарат – роботска хирургија каква што нема во земјава, а ќе се користи најмногу од експертите од областа на гинекологијата и специјалистите уролози, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Слични содржини