Galaxy Fold ќе се појави на 26 април и ќе има рекордна цена (ВИДЕО)

од Vlatko K

Првиот паметен телефон што го претстави Samsung за време на денешниот Unpacked наста, беше
долгоочекуваниот Galaxy Fold. Уредот е првиот со дисплеј на преклопување на корејската
компанија и воопшто на пазарот, иако на крајот на минатата година таков модел претстави
кинеската компанија Royole. Смартфонот ќе се појави официјално во продажната мрежа на 26
април, а неговата цена во САД ќе биде 1.980 долари за основниот модел.

За оваа сума, корисниците ќе добијат смартфон со два екрана, кој може да се користи истовремено
и како телефон и како таблет. Уредот исто така ќе поддржува LTE и 5G мрежи, што исто така е и
новина. Samsung посебно се пофали со шарките за преклопување на екранот на Galaxy Fold. Освен
висока издржливост и долг работен век тие ќе можат да придонесат и за индивидуалноста на
телефонот, бидејќи корисникот ќе може да избира меѓу различни бои. Меѓу карактеристиките
наоѓаме 512GB меморија, 7nm процесор и 12GB RAM меморија. Батеријата е двојна и има капацитет
од 4380 mAh.

Watch Samsung Unveil Its Foldable Phone — The Galaxy Fold

Watch Samsung unveil its foldable phone — the Galaxy Fold.

Публикувахте от Tech Insider в Сряда, 20 февруари 2019 г.

За време на промоцијата беше покажан и интерфејсот, што е специјално приспособен за дисплејот
на преклопување. Така на пример, сопственикот на смартфонот ќе може да отвори некоја
апликација на малиот 4.58-инчен главен екран (840 x 1960) и потоа по потреба ќе може да
продолжи со својата работа од истото место на големиот 7.3-инчен панел (1536 x 2152 пиксели).

На крајот од презентацијата беше објавено дека во пакетот Galaxy Fold ќе има и дополнителни
додатоци. Сигурно кон уредот ќе бидат вметнати безжични слушалки, а на различните пазари
најверојатно ќе има и други додатоци.

 

Слични содржини