Galaxy S10 моделите се особено погодни за гејминг

од Vlatko K

За време на неодамнешниот Unpacked настан дознавме дека Samsung се здружил со креаторите на
гејмерскиот енџин Unity за постигнување на подобар гејминг со новата серија смартфони на
компанијата – Galaxy S10.

Според податоците на Newzoo, пазарот за мобилни игри генерирал приходи од 63,2 милијарди
долари во 2018, што го прави и најголемиот сегмент во гејмерската индустрија. Во контекст на ова,
Galaxy S10 и S10 + нудат сериозно количество системска меморија од 6GB до 12GB и до 1TB
меморија за складирање датотеки. Освен тоа, чипсетот вклучува 29% побрз процесор и 37% побрз
графички акцелератор во однос на S9. Сето ова ги прави уредите особено погодни за игри, па дури
и со најоптоварувачките наслови како Fortnite.

Unity е еден од најпопуларните енџини за развој на игри, а токму за овие игри е оптимизирана
новата серија смартфони. Се очекува игрите да работат подобро на Galaxy S10 спрема други модели
паметни телефони кои се достапни во моментот. Гејминг искуството би требало да се доближува
повеќе до тоа кај компјутерите и конзолите. Достапни се подобрувања и оптимизации со
користење и на вградената технологија за вештачката интелигенција.

Меѓу останатите параметри кои придонесуваат за одлично гејмерско доживување, се дисплејот кој
е со HDR10 + сертификација, и звучните технологии на Dolby. Достапен е и специјален систем за
ладење, кој кај Galaxy S10e и S10 е врз основа на подобрен систем од цевки за ладење, а Galaxy S10
+ располага со „vapor chamber“ решение. Ова овозможува оптимално ладење дури и при сериозни
оптоварувања на уредот.

Слични содржини