Галер од јануари нема да биде извршен директор на А1?

од Aleksandar Todeski

Извршниот директор на А1, Мислав Галер од 2020 година ќе биде сменет од функцијата во телекомуникациската компанија, дознава Локално. Официјални информации за тоа дали од јануари компанијата ќе добие нов извршен директор и кој ќе го замени се уште нема.

Од компанијата за Локално велат дека промени до крајот на годинава нема, односно Галер останува на функцијата и додаваат дека за наредната 2020 година се уште немаат информации дали и какви промени ќе има во менаџментот на А1.

„Мислав Галер ја извршува функцијата извршен директор на А1 Македонија“, кратко ни одговорија од таму.

Инаку Галер за извршен директор на тогашната оне.Вип, сега А1, е именуван во октомври 2017 година. Претходно тој бил дел од тимовите во успешни фирми како „Ауто Зубак” во Хрварска, за брендот „Ауди”, потоа „Пежо” – Хрватска и „Випнет“.

А.Т.

Слични содржини