Австралија е шестата по големина земја во светот. Затоа не е изненадување дека во пределите на нејзина територија можат да се видат многу нешта – од разновидни природни феномени до забележителни човечки креации.
Пред извесно време ви раскажавме за најдолгиот прав пат во светот, кој се наоѓа токму во Австралија. Сега, пак, ќе ве запознаеме со една од најдолгите плажи во светот, исто така се наоѓа во оваа далечна земја, поточно во австралиската држава Викторија.
Должината на една од најдолгите континуирани плажи во светот е 14,5 километри. Зад неа има песочни дини кои ги делат езерата Гипсланд. Како што може да се види од фотографиите на плажата, направени од воздух, во голема мера песокот е беспрекорен и никаде не се среќаваат карпи.
Под водата огромните рамнини од песок обезбедуваат удобно прибежиште за разновиден морски живот. Всушност овој регион е еден од најбогатите на планетата во однос на разновидноста на фауната. Во рамките на 10 квадратни метри се среќаваат околу 860 вида морски суштества.
Секоја година австралиската плажа со должина од 14,5 километри привлекува голем број на посетители. Популарните крајбрежни гратчиња им нудат на туристите бројни активности поврзани со водата.
Посетете ја нашата галерија и проверете ја една од најдолгите плажи во светот, која се наоѓа воАвстралија.