ГАЛЕРИЈА: Јанева, Фетаи, Боки 13 и „Жолтите елеци“ продефилираа на Вевчанскиот карневал

од Vladimir Zorba

Денеска напладне официјално започна Вевчанскиот карневал кој годинава се одржа под мотото „Напрај се василичар“.

Масовното дефиле на карневалот започна во 14 часот каде василичарите во поворката им ги преставија маските на бројните присутни гости.

Традиционално, илјадниците различни маски вевчанци ги подготвувале цела година, а единствена цел им е да ги забавуваат присутните, да се измее општеството, политичките збиднувања и големите настани кои ја обележале изминатата година. Меѓу маските можеа да се видат Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Боки 13, Трамп, Макрон и Жолтите елеци, како и други традиционални маски.

Како и секоја година, па така и годинава, во Вевчани беа дојдени гости од цела држава, како и од странство, политичари, како медиуми од земјава и странство.

Утрешниот ден е резервиран за традиционалното василичарско оро и палење на маските.

Вевчанскиот карневал е меѓу најпознатите настани во земјава, а се смета дека датира од пред 1.460 години. Во 1993 годида Вевчани стана член на ФЦЦ – асоцијација на светските карневалски градови.

Дел од атмосферата на карневалот ви ја пренесуваме преку фотографии:

Фото: Борче Поповски

Слични содржини