(ГАЛЕРИЈА) Камери ги снимиле убијците на полу братот на Ким Јонг Ун

од desk2

Наводните жени-убијци се уште се во Малезија

Во печатот се појавија информација дека жената, која може да е учествувала во убиството на братот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, била снимена од безбедносните камери. Според информација на весникот “Стар”, монтираната камера на аеродромот на Куапа Лумпур ја снимила жената, која може да е учествувала во смртта на Ким Чон Нам.
“При зголемување на сликата јасно се гледа средовечна жена, со азиска надворешност, облечена во бел џемпер и куса сина боја пола, на рамото нејзино има мала женска торбичка”, пишува весникот.

Порано од локалната полиција соопштија дека е поведена темелна истрага за загинувањето на Ким Чон Нам. Од таму ветија да ги проверат сите висео записи од аеродромот.

Според податоците на специјалните служби, наводните атентаторки на Ким Чон Нам избегале од аеродромот со такси, но се уште не успеале да ја напуштат Малезија.

Исто беше соопштено дека братот на свернокорејскиот лидер бил отруен од две жени, за кои се претпоставува дека се од Северна Кореја. Оваа верзија не може да се исклучи, бидејќи меѓу Северна Кореја и Малезија дејствува безвизен режим.
Во меѓувреме стана јасно дека телото на постариот брат на Ким Јонг Ун е дадено во централниот болница на Куала Лумпур. Претстои лекарите да извршат аутопсија и да се воспостави точната причина за смртта му.

Според информација на локалниот весник New Straits Times, обдукцијата ќе се одржи уште денес.

Слични содржини