(ГАЛЕРИЈА) Мобилната болница кај Инфективна во функција до крајот на неделава

од Vladimir Zorba

Мобилната болница која ќе биде поврзана со Инфективната клиника и со која се дуплира капацитетот за хоспитализација на заразени со коронавирус и денеска се опремуваше од страна на Армијата.

Мобилна Болница

Болницата се состои од повеќе шатори кои се меѓусебно побрзани, а ќе има ходник со кој ќе се поврзе со Инфективната клиника.

Како што соопштија од Министерството за здравство, мобилната болница ќе има капацитет до 130 легла. Таа ќе се користи доколку има голем број пациенти заболени од новиот коронавирус кои ќе имаат потреба од болничко лекување.

– Се поставуваат креветите во мобилната болница, завршено е греењето и ладење. До крајот на неделата целосно ќе биде во функција, но се уште нема потреба од тие капацитети. Капацитетот на Клиниката е 50 посто исполнет, рече Филипче.

Мобилната болница е поставена на просторот, каде што беа бараките на поранешниот студентски дом „Медицинар“, кои Град Скопје ги урна и го уреди просторот.

Мобилна Болница
Мобилна Болница
Мобилна Болница
Мобилна Болница
Мобилна Болница
Мобилна Болница

Фото: Борче Поповски

Слични содржини