Галерија на Бакингемската палата се претвора во Escape room

од Vladimir Zorba

Веројатно многу од фановите на кралското семејство сакаат да влезат во Бакингемската палата. И покрај тоа што кралицата честопати ги прима посетителите во нејзиниот дом, оваа година одлучи да направи нешто поинакво.

Кралската галерија, која содржи многу дела, се претвора во логичка замка. Т.н. соби за бегство се соби кои бараат вештини за да го пронајдете вистинскиот излез од собата. Тие се здобиваат со зголемена популарност во Македонија и во целиот свет, со различни теми.

Во собата можете да внесете од 2 до 8 играчи и мора да работите во тим, бидејќи времето за решавање на загатките е само 60 минути.

Фото: Ројтерс

Сега, кралицата одлучила да ја претвори галеријата во дворецот во таква соба. Темата ќе биде дело на Леонардо да Винчи, прославувајќи ја 500-годишнината од смртта на уметникот. Фановите ќе бидат опкружени со над 200 креации од страна на уметникот. Но, успокоете се, не треба да ја знаете секоја слика за да излезете од собата.

Сепак, според официјалниот сајт на палатата, ќе треба да имате силно око, креативно размислување и детективска работа за да најдете скриени знаци во галеријата.

Фото: Ројтерс

Тимовите можат да бидат минимум 2 или максимум 8 луѓе, а секоја игра чини 150 фунти. Фановите ќе можат да ја искористат оваа неверојатна понуда секој петок и сабота во наредните три месеци.

Слични содржини