(ГАЛЕРИЈА) Најфутуристичката куќа која сте ја виделе во Австралија

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Ако поседувате 6,5 милиони долари и сакате да ги вложите во имот, тогаш имате можност да поседувате уникатна куќа во Австралија.04a53d5efbced2157594357e360cbb10

Таа го носи името “The Edge” и е дело на Чарлс Рајт и неговиот тим од архитекти.

Тие ја внеле целата своја креативност за да создадат навистина неверојатно живеалиште. Изгледот му е исклучително иновативен, нов и убав.

Екстериерот и ентериерот се комбинираат прекрасно, а модерните линии го прават имотот речиси нереален – со вселенски дизајн.

Куќата располага со инфинити базен и се наоѓа во близина на природата во Порт Даглас. Освен тоа, во неа се наоѓаат отворени и затворени спални со одлични глетки кон океанот. Просторот е огромен и луксузен.

За да се уверите во шармот на куќата во Австралија, посетете ја нашата галерија.

Фото: Charles Wright