(ГАЛЕРИЈА) Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Влада и МНР, се бара оставка од Заев и Османи

од Vladimir Zorba

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ денеска протестираше пред Владата и Министертвото за надворешни работи за како што велат „Спас на македонската иднина и идината на македонскиот народ“.

Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, на денешното свое обраќање пред МНР побара оставка од оние „кои викендот преговараа со нивните колеги од Софија“ односно од министерот за надворешни Бујар Османи и неговите соработници.

„Во чие име преговараа што преговараа и што договорија, на чија сметка, кој им дал мандат да преговараат она што е традиција, интерес, историја, книжевност и јазик на македонскиот народ“, праша Милошоски.

Блокада имаше и на улицата пред Владата, каде се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николски.

„Денес оставка, за да престанат да тргуваат со македонската историја, македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, македонската култура. Денес оставка, затоа што за пусти пари распродаваат работи кои не се продаваат“, вели тој.

ВМРО-ДПМНЕ Протест
ВМРО-ДПМНЕ Протест
ВМРО-ДПМНЕ Протест
ВМРО-ДПМНЕ Протест
ВМРО-ДПМНЕ Протест
ВМРО-ДПМНЕ Протест
ВМРО-ДПМНЕ Протест
ВМРО-ДПМНЕ Протест
ВМРО-ДПМНЕ Протест
ВМРО-ДПМНЕ Протест

Слични содржини