Актуелно
Почетна / Македонија / (ГАЛЕРИЈА) Сезоната за капење во Градски парк прогласена за отворена

(ГАЛЕРИЈА) Сезоната за капење во Градски парк прогласена за отворена

Летото веќе и календарски почна, а во Градскиот парк почнаа да се забележуваат капачи.

Иако водата очигледно не е погодна за капење, на некои тоа воопшто не им пречеше да се разладат на горештните.

Територијата на нашата држава е под влијание на врел бран кој продира од северните предели на Африка и истиот условува многу топло време, односно многу високи температури на воздухот.

До крајот на денов максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот до 38 степени.

Слични температури ќе имаме и во текот на следните неколку денови, што значи и понатаму ќе продолжи продорот на многу топол воздух од северните предели на Африка кон нашата држава.

Фото: Борче Поповски

loading...