(ГАЛЕРИЈА) Улиците празни, почна полицискиот час

од Vladimir Zorba

Во државава за првпат денеска стапи во сила полициски час среде бел ден, кој започна од 16:00 часот.

Улиците во главниот град се празни, откако за првпат движењето се ограничува додека не паднал мрак, а полициски патроли го контролираа спроведувањето на забраната.

За време на полицискиот час кај Буњаковец околу 16:30 часот беа запалени контејнери, но за брзо време тие беа изгаснати од пожарникари.

Владата донесе одлука за време на викендите да се воведе забрана за движење на целата територија на државата од 16:00 до 05:00 часот, со цел да се спречи ширење на корона вирусот.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини