Актерот Горан Вишнич, познат од серијата “Итна нега” и од филмовите “Миротворец” и “Применета магија”, одлучи да се раздели со својата куќа во Лос Анџелес, во која живееше 10 години со неговата сопруга и трите деца.
Најуспешниот Хрват во Холивуд бара цена од 4,8 милиони долари за својот дом, кој е решен во Медитерански дизајн.
43-годишниот Вишнич го купува имотот во 2005 година, кога сè уште е ѕвезда на шоуто “ER”, а тогаш плаќа за него 3,9 милиони долари.
Двокатната куќа располага со 4 спални, 5 бањи, библиотека, дневна со големи француски прозорци, убав двор со мал базен, соба за јога / медитација, како и сончева веранда со поглед кон дворот.
Надворешниот простор на имотот е во марокански стил и е многу шарен.
Во моментов, Горан е ѕвезда во научнофантастичната телевизиска драма на Стивен Спилберг “Опстанок”, во која учествува и Хали Бери.
Погледнете фотографии на вилата на актерот од хрватско потекло во галеријата.