Галовеј : Силно ги поддржуваме евроатланските амбиции на земјата

од desk4

Галовеј вели дека Северна Македонија вложила многу труд во реформската агенда, од справување со корупција, владеење на правото и поради тоа земјата е членка на НАТО и добила силни препораки за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

-Отсекогаш силно сме ги поддржувале евроатлантските амбиции на Северна Македонија и сметаме дека земјата-кандидат треба да биде оценувана според критериумите, а амбициите не треба да престанат поради билатерални спорови. Ќе напоменам дека Северна Македонија се покажала како лидер во регионот, а и во поширокиот регион, со нејзиниот пристап кон билатерални спорови. Се надевам дека прашањата ќе бидат решени наскоро, но во меѓувреме, најважното што Северна Македонија треба да го направи е да продолжи со реформите не за ЕУ, туку бидејќи тие ќе го подобрат животот на граѓаните. Тоа е најважно, порача Галовеј во интервјуто за МИА.

Слични содржини