Гардијан: Постои реален ризик од конфликт на Западен Балкан доколку не се имплементира Бриселскиот договор

од Stefanija Kuzmanovska

Доколку оваа година конечно не се спроведе бриселскиот договор од 2013 година, ризикот од неизбежен конфликт е реален, пишува британски „Гардијан“, додавајќи дека тоа би предизвикало далекусежни последици, не само во смисла на нова бегалска криза.

Во анализата на актуелната политичка ситуација на Западен Балкан под наслов „Европа треба да направи повеќе“, британскиот весник наведува дека односите меѓу Приштина и Белград, за кои тврди дека „уживаат ентузијастичка поддршка на Кремљ и кој одбива да ја признае независноста на Косово“, се најлошите во последните 20 години.

Според извештаите, минатиот месец локалните спорови доведоа до кратко подигнување на барикади во најсеверниот дел на Косово, кој го сочинуваат претежно етнички Срби, а капацитетот на Европската унија да посредува е комплициран поради зависноста на Србија од рускиот гас и одбивањето на Белград да воведе санкции против Москва.

Слични содржини