„Гардијан“: Америка имала намера да го отруе Асанж

од Vladimir Zorba

Американските специјални служби планирале да го отрујат или киднапираат основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, пишува британскиот весник „Гардијан“.

Деталите за операцијата ги раскажал поранешен вработен во приватната компанија за безбедност „УЦ Глобал“, со кого американската разузнавачка служба разговарала за начините „за негово решавање“. Имено, тој беше сведок во случајот со екстрадицијата на Асанж.

Според весникот, тој вработен рекол дека во 2017 година, американските специјални служби му предложиле на шефот на „УЦ Глобал“, Дејвид Моралес, да преземат „порадикални мерки“ против Асанж.

„Предложено е вратите на еквадорската амбасада да бидат оставени отворени за да може да се влезе и да биде киднапиран или отруен“, рече тој пред судот.

Покрај тоа, раководството на компанијата му наложило на вработениот да инсталира нови камери во дипломатската мисија, кои, за разлика од претходните, исто така, би имале звук.

Моралес, рече тој, побара камерите да можат да снимаат во живо и објасни дека тоа било потребно за да можат „пријателите во САД“ да видат и слушнат што се случува во амбасадата во реално време. Според весникот, тој на работникот му испратил документ со детални упатства како да го стори тоа.

„Очигледно, документот го обезбеди трето лице, а според сведокот, тоа било американската разузнавачка служба“, изјави адвокатот на Асанж – Марк Самерс.

„Гардијан“ пишува дека на поранешниот вработен во компанијата му е обезбеденаанонимност за да не му биде загрозен животот.

Слични содржини