Гардијан: Богатите Руси ја користат Србија за да ја заобиколат забраната за летови од ЕУ

од Nikola Popovski

Богатите Руси ја користат Србија за да влезат во Европа „на мала врата“ и да ја избегнат забраната за летови од и кон Русија што ја воведе Европската унија, пишува британскиот весник „Гардијан“.

„Гардијан“ наведува дека „Ер Србија“ го удвои бројот на директни летови од Москва до Белград на 15 неделно, со цел да ја задоволи рапидно растечката побарувачка откако ЕУ забрани влез на руски авиони во нејзиниот воздушен простор поради руската инвазија на Украина.

Русија пак го затвори својот воздушен простор за авионите од ЕУ и Велика Британија, потсетува Гардијан.

Србија не е членка на ЕУ и одби да воведе санкции кон Русија, но нејзините авиони можат да летаат кон ЕУ, што ја прави „единствениот европски воздушен коридор отворен за Русија“, според компанијата „ForwardKeys“, која ги анализира податоците за патувањата, на што се повикува „Гардијан“.

Слични содржини