„Гардијан“: Јунајтед е ФК Роналдо, поради него трпи цела игра

од Vladimir Zorba

Распадот на системот во Манчестер Јунајтед и оваа недела останува главна тема во англиските медиуми.

Оле Гунар Солскјер, играчите и раководството се на удар на критичарите по катастрофалниот пораз од Ливерпул со 5-0 во неделата на „Олд Трафорд“. Избраниците на Јирген Клоп го растурија очајниот Јунајтед, а оваа недела само се чека отказот на Солскјер, на кој веќе никој не му верува.

Англиските медиуми се натпреваруваат кој повеќе ќе го згази Манчестер Јунајтед, а „Гардијан“ во голема мера го критикуваше Кристијано Роналдо и неговиот статус во тимот. Португалецот постигна шест гола на десет натпревари откако се врати на „Олд Трафорд“, но „Гардијан“ смета дека тој станува огромен товар за целиот тим.

Поради Роналдо трпи цела игра

„Никој не треба да мисли дека Оле Гунар Солскјер е проблем во Јунајтед. Одамна е познато дека тој не е тренер како Јирген Клоп, Пеп Гвардиола или Томас Тухел, но факт е дека ниту тие над него не му помогнаа. Јунјатед од минатата сезона против овој Ливерпул ќе беше „застанат во низок блок, ќе го натовареше средниот ред и ќе чекаше контра“. Оваа сезона не можам да го направат тоа поради Кристијано Роналдо“, пишува Гардијан и продолжува:

„Тој мора да игра затоа што е Кристијано Роналдо. Тој не нуди ништо во дефанзивната фаза на играта затоа што е Кристијано Роналдо. Тој не е доволно мобилен за Солскјер да игра висок притисок, како што правеше кога не беше тој во 4-4-2 систем. Има 36 години и не може да го следи. Неговите голови, како тој против Аталанта од минатата среда, можеби ќе донесат резултати на Јунајтед, но тоа е како некој убав тапет кој крие пукнатини на ѕидот што ќе се урне во секој момент“.

Колумнистот на „Гардијан“ смета дека Роналдо има преголемо влијание врз се што се случува во Јунајтед.

Новиот тренер ќе треба да го реши проблемот на Роналдо

„Тој не е само тактички проблем. Зборуваме за човек кој ги чинеше отказ Макс Алегри, Маурицио Сари и Андреа Пирло во последните три години. Секој тим за кој игра во одреден момент станува ФК Роналдо и, без разлика колку многу дресови продава или влијае на зголемениот интерес за клубот на социјалните мрежи не значи дека тимот ќе игра фудбал кој на крајот ќе им донесе трофеи. Мафтањето со рацете по секој гол е јасен знак за неговиот бунт против Солскјер. Можеше да добие и црвен картон затоа што го удри Кертис Џонс, а тоа е можеби најлошиот момент на натпреварот против Ливерпул. Погба доби црвен картон, а тоа можеше да биде случај и со Роналдо, Бруно Фернандеш и Хари Мегваер. Дисциплината целосно исчезна. Играњето фудбал исто така исчезна. Најдобро од се е што Ливерпул воопшто не играше спектакуларно, иако веројатно им беше чудно што Јунајтед се уништуваше. За среќа на Јунајтед, тие спуштија гас во последните половина час“, напиша новинарот на „Гардијан“, заклучувајќи:

„Што сега? Во последните три години Јунајтед се води по логиката на забавен парк, но дојде време кога и најносталгичарите мислат дека е време за промена. На крајот на краиштата, колку и некој да го сака Мики Маус, не можете да му дозволите да биде директор на Дизниленд. Јунајтед мора да одлучи дали сака да биде клуб кој освојува трофеи или клуб кој произведува онлајн содржина. Затоа што кој и да го преземе клубот ќе треба да го реши проблемот со Кристијано Роналдо. Можеби има начин да ги уништи послабите тимови или да биде последното средство од клупата на големите натпревари. Но, повеќе не може да му се гарантира место во тим против екипа како Ливерпул“.

Слични содржини