Гаши ѝ ја претставил на Агелер иницијативата за уставен амандман за политичка корупција

од Nikola Popovski

Партијата Алтернатива синоќа информираше дека нејзиниот лидер Африм Гаши остварил средба со американската амбасадорка во земјава, Анџела Прајс Агелер.

Според објавата на социјалните мрежи, Гаши ѝ ја претставил иницијативата за поднесување уставен амандман за спречување на неказнивност на политичка корупција.

-Претседателот Гаши за овој амандман ја побара американската поддршка, бидејќи е еден од најголемите чекори предложени досега, со директна цел – борба против политичката корупција. Оваа иницијатива мора да го надмине етничкиот дискурс и да се фокусира на владеењето на правото како приоритет за целото општество, велат од владеачката партија.

Тој посочил дека со амбасадорката се согласиле дека ја делат истата визија за иднината на земјата.

-Ја реафирмиравме заедничката заложба земјата да оди напред кон ЕУ и европските стандарди во општеството, како што е владеењето на правото.

Разговаравме за плановите за забрзување на интеграцијата во ЕУ, вклучително и опциите за деблокирање на преговорите со ЕУ, преку уставните измени. Исто така, се согласивме дека сите политички фактори треба да го поддржат патот кон ЕУ и да ги стават граѓаните на прво место, во обид да обезбедат подобра иднина за сите, објави Гаши на својот профил на Фејсбук.

Слични содржини