Гаши: Ако Заев има искрена желба да ја спаси државата од овој грч, ќе се обидеме да му помогнеме

од Берта Китинска

Не би рекол дека Алтернативата стана политички фактор во Република Северна Македонија. Заедно со нашите четворица пратеници, од формирањето на ова парламентарно мнозинство, ние сме важен актер на политичката сцена. Секако, нашата улога стана позначајна со последните настани, кога бројките не овозможија ново мнозинство, ниту нормално функционирање на собранието, ниту пак нови парламентарни избори, вели во интервју за српска Политика лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

Тој вели дека не е задоволен од оваа позиција, бидејќи беа и се уште се посветени на опозициските активности, со јасен однос кон актуелното парламентарно мнозинство и влада.

– Тоа го докажа и нашата посветеност за покренување иницијатива за гласање недоверба на Владата. Сепак, немањето единствен глас на пратениците ја втурна земјата во длабока политичка криза, кога се наѕира можноста за почеток на преговори за членство во ЕУ, истакна Гаши.

За преговорите за влез во владата, лидерот на Алтернатива вели дека ако СДСМ и ДУИ сакаат само четири пратенички гласови, а не ги сакаат нивнте програмски определби да бидат ставени во владината програма и ако не се подготвени да воспостават рамнотежа меѓу политичките актери на власт, тие немаат посебен интерес да влезат во таа влада.

– Затоа, не можам да го прејудицирам исходот. Би забележал дека преговараме со сегашниот премиер и со идниот премиер, а не со другите партии вклучени во таа влада, истакна Гаши.

Ние секако ќе се водиме од очекувањата на нашите гласачи, интересите на Албанците во Северна Македонија, како и државните интереси кои се тесно поврзани со нашите партиски и национални цели, продолжи тој.

– Ако во преговорите видиме дека г. Заев навистина има искрена желба да ја спаси државата од овој грч, ќе се обидеме да му помогнеме. Длабоко сме заинтересирани за продолжување на евроатлантскиот курс на земјата, за отворање на преговорите за членство во ЕУ, за решавање на спорот со Бугарија и за политичка и економска стабилност, вели тој.

Слични содржини