Гаши: Нема да влеземе со сила во ниту една Влада ако не се остварат општите интереси на државата

од Берта Китинска

На средбата разговаравме  за концептот како да се излезе од оваа криза и кој е политичкиот контекст на земјата во однос на процесот на евроинтеграции и дали може Алтернатива да помогне во овој процес, кажа претседателот на Алтернатива Африм Гаши по средбата со премиерот Зоран Заев.

-Доколку евентуално, хипотетички, дискутираме за можноста за да порасне актуелното мнозинство ние сакаме да знаеме која е улогата на Алтернатива. Ние нема да влеземе со сила никогаш во ниту една Влада ако не е можно да се остварат општите интереси на државата, на граѓаните, на Албанците  и на политичката партија Алтернатива, рече Гаши.

Слични содржини